Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2011

Вулканот по вторпат ги попречи плановите на Барселона

Јосеп Гвардиола се плаши дека пепелта од исландскиот вулкан Гримсвутн повторно може да ги наруши плановите во рамките на подготовките за финалето во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.

„Ни требаат стручни лица за совет. Ќе видиме што ќе ни кажат. Ако ни речат дека постои и најмал ризик, ќе летаме со авион денеска или утре, но доколку ни кажат дека нема ризик, тогаш ќе патуваме според планот, во четврток“, изјави Гвардиола.

Минатата година, поради вулканската пепел којашто ги оневозможи летовите низ Европа, играчите на Барселона мораа да патуваат со автобус на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, кој подоцна стана шампион. Сега постои страв да не се повтори истата ситуација.

„Се надевам дека вулканот нема да влијае на летовите, најмногу заради нашите навивачи. Се надевам дека ние ќе можеме да летаме, но без нашите навивачи сето тоа нема да има смисла“, заклучи тренерот на Барса.

Најнови вести