Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Аугзбург со пресврт ја совлада Фортуна

Баерн кој играше вчера, остана лидер и уште во првото коло најави дека нема да има којзнае каква конкуренција

Победата на Аугзбург на гостувањето кај Фортуна Диселдорф, беше најинтересниот денешен натпревар од попладневната програма во германската Бундеслига. Домашните водеа по првото полувреме, но не го зачуваа минималното водство, и Аугсбург дојде до голема победа за зголемување на самодовербата на стартот на новата сезона. 
Баерн Минхен кој вчера победи со 3:1, остана на чело на табелата, со оглед на тоа дека ниту еден друг тим денеска не даде три гола. 
Драматично беше и на дуелот помеѓу Волфсбург и Шалке. Домашните долго водеа со 1-0 и имаа човек повеќе на теренот. Но, стрелецот на голот, Брукс, во 85 минута беше исклучен поради два жолти картони, а Бенталеб од пенал израмни на 1-1. Двата тима финишираа со по 10 играчи, а во таква ситуација подобро се снајдоа домашните кои преку Гончек во 94 минута дојдоа до победата. 
Добар старт на сезоната имаше Ајнтрахт, кој со 2-0 славеше на гостувањето кај Фрајбург. Домашните фанови ги израдува Херта со победата од 1-0 над Нирнберг, а ремизираа Вердер и Хановер.