Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Рамос: Без Роналдо загубивме член на семејството, но Реал ќе продолжи да победува

Серхио Рамос жали за заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, но вели дека „кралскиот клуб“ и без него ќе продолжи да победува

Непосредно пред утрешниот меч во Суперкупот на Европа против Атлетико Мадрид, Серхио Рамос проговори и за заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
„Бевме едно големо семејство со победнички менталитет. Со заминувањето на Кристијано загубивме значен член во нашата фудбалска фамилија, но сепак и без него Реал ќе продолжи да победува. Дури и без таков симбол каков што беше Роналдо“, изјави Рамос.
Капитенот на Реал Мадрид истакна дека очекува и во Талин, неговиот клуб да го освои пехарот, што го брани од ланското финале во Скопје, кога Реал Мадрид го победи Манчестер јунајтед 2:1.

 

Најнови вести