Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Официјално: Ковачиќ во Челзи, за да дојде Куртоа во Реал Мадрид

Двата тима потврдија дека Хрватот доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ како дел трансферот на белгискиот голман

Матео Ковачиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Челзи. Ова и официјално го потврдија од редовите на англискиот премиерлигаш. Ковачиќ заминува во Лондон како позајмен играч и е дел од трансферот на Тибо Куртоа од Челзи во Реал Мадрид. 
Хрватскиот репрезентативец самиот побара да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а во Реал успеаа да го искористат да биде како дел од трансферот на Куртоа. Белгискиот репрезентативен чувар јавно кажа дека не сака веќе да брани во Челзи, за да може да го облече дресот на Реал Мадрид. 
На местото на Куртоа во Челзи се очекува да пристигне Кепа Арисабалaга од Атлетик Билбао и тоа за рекорден трансфер на еден голман, вреден 80 милиони евра. 

 

Најнови вести