Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
07.8.2018

Реал има двоен хрватски проблем

Ковачиќ и Модриќ сакаат да си одат, Лопетеги негира дека има такво нешто

Никој не може со сигурност да каже колку Матео Ковачиќ и Лука Модриќ се блиску или далеку до заминување од Реал Мадрид. Според шпанските и италијанските медиуми, двајцата Хрвати сакаат да си одат и да се преселат во италијански клубови, но тренерот Хулен Лопетеги, ги „лади“ вжештените шпекулации со изјави дека тие двајца остануваат во клубот. 
Реал летово прави големи реновирања во составот, доби и нов тренер, а како одминува летото, се чини дека тоа се изнудени потези, а не плански. Модриќ кој утре треба да почне да тренира со тимот, наводно ќе има состанок со претседателот Флорентино Перез, ќе побара поголема плата, по што ќе донесе одлука дали останува или си оди во Интер. Клубот од Милано му нуди четиригодишен договор, со тоа што првите две години би играл во Италија за Интер, а во другите две за кинески Џијангсу Сунинг, клуб кој го поседува газдата на Интер. 
Ковачиќ презеде порадикални мерки, не сака да тренира, но од клубот не го признаваат тоа и категорично ги отфрлаат наводите. Лопетеги тврди дека двајцата се среќни во Реал и оти не знае за каков бојкот на Матео се зборува, и дека тој тренира. 

 

Најнови вести