Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Дончиќ: Би се вратил во Реал на 38-39 години

Словенецот смета дека најтешко ќе му биде да се навикне да игра за тим со кој нема да може да освојува титули

По завршувањето на НБА кариерата, Словенецот Лука Дончиќ, повторо би заиграл во дресот на „кралскиот клуб“ од Мадрид, клубот во кој се прослави во светот на кошарката. 
Третиот пик на годинешниот НБА драфт, откако за една сезона освои Евробаскет со Словенија и Евролига со Реал, а во следната сезона ќе го носи дресот на Далас маверикс.  
„Се интересираат за мене во САД, но тоа е нормално, затоа што досега играв за најголемиот клуб на светот. Би сакал да се вратам во Реал Мадрид кога ќе имам 38 или 39 години, за да работам со помладите играчи“  - вели Дончиќ, кој е во Мадрид каде промовира една видео-игра.  
Што се однесува до неговиот актуелен клуб, Лука е свесен оти заминува во тим кој е во фаза на реконструкција, и дека ќе треба да се помири со тоа дека нема да може веднаш да се бори за титула, како што беше случајот во Реал. 
„Треба да го сменам чипот. Најтежок ќе ми биде преминот од тим кој освоил сè, во тимот кој не е на врвот. Невозможно е во следната сезона да го освоиме шампионскиот прстен, веројатно ќе треба да поминат пет години за да станеме кандидат за титула“ – смета Лука. 

 

Најнови вести