Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Шлаканица за Мурињо: Ковачиќ не сака да игра за Јунајтед поради тактиката на „Специјалниот

Фудбалерот на Реал Мадрид одбива да се пресели на „Олд трафорд“ само поради една причина

Матео Ковачиќ, играчот за врска на актуелниот европски првак Реал Мадрид, е подготвен да ја напушти шпанската престолнина ова лето во потрага по поголема минутажа, но ја „затвори вратата“ само за еден клуб кој се интересира за неговите услуги.

24-годишниот Хрват го тргна Манчестер јунајтед од листата на потенцијални клубови во кои би ја продолжил кариерата, сметајќи дека тактиката на менаџерот Жозе Мурињо не му одговара на неговиот стил на игра. Познатата стратегијата на „Специјалниот“, односно дефанзивниот стил на фудбал е она што не го привлекува Ковачиќ да го облече „ѓаволскиот“ дрес.

Иднината на хрватскиот репрезентативец и натаму останува непозната, додека европските гиганти како ПСЖ и Челзи, се уште се обидуваат да го привлечат неговото внимание, а не изостанува можноста и да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и оваа сезона доколку не се појави понуда која ќе ги задоволи неговите потреби.

Најнови вести