Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2018

Бејл почна да преговара со Јунајтед

Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, почна да преговара со Манчестер јунајтед околу можен трансфер и враќање на Островот.

Напаѓачот на Велс, како и претходните години, е примарна цел на „црвените ѓаволи“ во овој преоден рок, пренесуваат британските медиуми.
„Бејл ќе разговара со тренерот на Реал, Хулен Лопетеги и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Џонатан Барнет, агентот на Бејл, за ЕСПН.
Велшанецот со Кралскиот клуб има договор до 2022 година, но ако остане, ќе мора да се бори за место во тимот со Иско Аларкон и Марко Асенсио.
Реал ова лето направи големи промени, си заминаа тренерот Зинедин Зидан и најдобриот играч Кристијано Роналдо, кој направи трансфер во Јувентус, а на тој чекор би можело да се одлучи и Бејл.
Бејл во Реал дојде во 2013 година од англискиот Тотенхем и за тоа време одигра 189 натпревари и постигна 88 погодоци.
За репрезентацијата на Велс забележа 70 настапи и постигна 29 гола.

Најнови вести