Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
07.6.2018

Рекорд: Роналдо одлучи, ќе го напушти Реал Мадрид!

Португалецот Кристијано Роналдо, официјално најдобриот фудбалер на светот, донесе неповратна одлука да го напушти Реал Мадрид, пренесува дневникот од неговата татковина „Рекорд“.

Како што се наведува, причината за таквиот потег на Роналдо треба да се бара кај Флорентино Перес, претседателот на Реал, кој не го исполнил ветувањето и не го наградил за успесите, па Португалецот смета дека не добил признание од клубот.
Претходно, шпанските медиуми објавија дека Роналдо бара плата од 75 милиони евра годишно и шестгодишен договор, односно да ја заврши кариерата во Мадрид на 40 години.
Тоа значи дека би имал за 30 милиони повисоки примања и би станал убедливо најплатениот фудбалер на планетата, пред Лионел Меси од Барселона, кој заработува 50 милиони.
Роналдо веднаш по освојувањето на третата последователна титула на Лигата на шампионите изјави дека му било убаво во Реал и со тоа им го привлече вниманието на ПСЖ и на Манчестер јунајтед.
Роналдо и претходно ѝ правеше сличен притисок на управата, кога се закануваше дека ќе си замине, а на крајот остануваше со исполнетите барања.
Најдобриот фудбалер на светот во Мадрид дојде во 2009 година за рекордни 90 милиони евра. Одигра 438 натпревари за Реал, постигна 450 голови, освои четири титули на Лигата на шампионите, и две на Ла Лига.

Најнови вести