Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Распуштен целиот тим на Олимпијакос, играчите казнети со 400.000 евра

Евангелос Маринакис, сопственикот на Олимпијакос, ги казни играчите со 400.000 евра и ги испрати на одмор по лошите резултати.

Шампионот на Грција моментно е трет на табелата на Суперлигата со три бода помалку од водечкиот АЕК и со еден бод од ПАОК.
Маринакис изјави дека играчите се казнети со 400.000 евра поради ремито во дерби-натпреварот со големиот ривал Панатинаикос (1-1), кое се одигра на четврти март.
„Навивачите и јас доволно ве толериравме. Денес заминувате на одмор“, изјави Маринакис.
Тој додаде дека само неколкумина играчи од сегашната екипа ќе играат до крајот на сезоната, а дека останатите ќе ги заменат фудбалери од младиот тим на Олимпијакос.
Клубот од Пиреја во саботата одигра 1-1 со Левадијакос, кој се наоѓа на десеттото место на табелата.
Пред три години, Маринакис ја казни екипата со 500.000 евра поради лошите игри и резултати.
Олимпијакос 44 пати беше шампион на Грција, од кои седум пати последователно. До крајот на шампионатот останува да се одиграат уште четири кола.
Маринакис е сопственик и на англискиот Нотингам форест.