Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2018

Мурињо има план да се ослободи од Погба

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, нема веќе трпение кога е во прашање Пол Погба. Французинот не ги оправда 105-те милиони евра кои Мурињо пред две години ги инвестира во него, поради што Португалецот интензивно му бара замена.

Британскиот „Мирор“ наведува дека Мурињо го нервира тоа што Погба повеќе се грижи за неговиот изглед на социјалните мрежи отколку за фудбалот. Дури и некои постари играчи се критички настроени кон тоа што 25-годишниот играч почесто дискутира за екстравагантните фризури и стилови на облекување отколку за головите и за асистенциите.
Португалскиот стручњак планира сериозни промени во кадарот за време на летниот преоден рок, а посебно во одбраната и во редот за врска.
Мурињо, наводно, на прво место го сака дуото од Реал Мадрид, Тони Крос и Рафаел Варан, коишто вредат 115 и 80 милиони евра. За возврат на Мадриѓаните им го нуди Пол Погба, со надеж дека Зинедин Зидан ќе покаже интерес за неговиот земјак.
Во случај Реал да ја одбие понудата, Португалецот би го понудил и на ПСЖ, а вториот дел од спогодбата би значел трансфер на Марко Верати и Маркос. Мурињо се надева дека челниците би биле расположени францускиот репрезентативец да го вратат дома.
Уште еден играч кој Мурињо би сакал да го доведе на Островот е Алекс Сандро, левиот бек на Јувентус, кој вреди околу 50 милиони евра, а во Јунајтед би требало да го замени Лук Шоу.

Најнови вести