Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2018

Пол Клемент на клупата на Ридинг

Пол Клемент, неодамнешниот менаџер на Свонси, е именуван за нов стратег на второлигашот Ридинг.

Клемент на клупата ќе го замени Холанѓанецот Јап Стам, кој по серијата лоши резултати и само еден триумф во 18 натпревари, доби отказ.
Англискиот стручњак брзо пронајде нов ангажман откако во декември минатата година ја заврши епизодата во Свонси. Тој ќе има задача да го задржи Ридинг во Шампионат лигата.
 Екипата моментно се наоѓа на 20-тото место на табелата со 36 бода, три повеќе од првиот тим под линијата, Бирмингам.

Најнови вести