Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2017

Кралски куп: Зидан комбинираше, Реал победи

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Фуенлабрада во гости со 2-0, во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Кралскиот куп.

Зинедин Зидан против нисколигашот изведе тим кој ретко кога ќе го изведе, но Реал и во таков состав рутински оствари победа пред реваншот на негов терен.
Асенсио донесе водство во 63-тата минута од пенал, а на тој начин Лукас Васкез го реши прашањето на победникот 11 минути пред крајот на натпреварот.
Во останатите дуели вчера, Реал Сосиедад ја совлада Лејда во гости со 1-0, Лас Палмас ја надигра Ла Коруња со 4-1, Леванте беше подобар во гости со 2-0.

Најнови вести