Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2017

Рамос го продолжи договорот со Реал до 2021 година

Серхио Рамос, фудбалерот на Реал Мадрид, го продолжи договорот со клубот до јуни 2021 година, пренесоа вчера шпанските медиуми.

Како што пренесе „Марка“, договорот бил постигнат во текот на минатата сезона, а е потпишан во тајност, без никакви објави.
Рамос е во одлични односи со Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, и двајцата сметале дека не треба јавно да го претставуваат договорот со којшто капитенот на Шпанија на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2021 година.
Ако остане до крајот на договорот, Рамос 16 години ќе игра за Реал. Тој досега со клубот освои: четири шампионски титули, три во Лигата на шампионите, два пати Кралскиот куп, по три пати Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа и двапати Светското клупско првенство.
„Марка“ наведе дека 31-годишниот Рамос со новиот договор ќе биде еден од најплатените играчи на тој клуб, заедно со Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Најнови вести