Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2017

Роналдо лут и навреден, но нема да си замине

Кристијано Роналдо, напаѓачот на Реал Мадрид, е лут и навреден поради тоа што обвинителите го обвинија за затајување данок, но нема да ја напушти Шпанија, изјави претседателот Флорентино Перес.

Роналдо токму од Перес побарал да го пушти во друг клуб, откако беше обвинет дека на Девствените Острови скрил 14,7 милиони евра, но првиот човек на Реал ја отфрли таквата можност.
„Роналдо има договор до 2021 година. Она што го знаеме е дека на соиграчите им рекол дека е лут. Медиумите сешто пишуваа и не можам да им дадам преголема важност. Ќе зборуваме по Купот на конфедерациите“, изјави Перес за „Еспања радио“.
Перес уште еднаш застана во одбрана на официјално најдобриот фудбалер на Европа.
„Тој е човек со интегритет и ги исполнува сите негови обврски. Има многу луѓе кои сакаат да го повредат, а ние сме воодушевени што е во Реал. Уверен сум дека ќе остане“,изјави Перес, додавајќи дека сепак прв приоритет е да се продолжи договорот на тренерот Зинедин Зидан.

Најнови вести