Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2011

Адријано повторно се повреди

Не помина ниту една седмица откако се врати закрепнат од повредата на задниот дел на бутниот мускул, бразилскиот лев бек Адријано повторно се повреди.

Поради истегнување на бутниот мускул, што го заработи на мечот од Примера лигата со Рајо Валјекано, 27-годишниот фудбалер ќе биде најмалку седум дена надвор од теренот.
Бразилецот ќе го пропушти првенствениот натпревар против Леванте овој викенд, како и последниот дуел во Лигата на шампионите против БАТЕ Борисов следната седмица.
Подготвен би требало да го дочека „Ел Класико“ против Реал на „Сантијаго Бернабеу“ за десет дена.

Најнови вести