Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2011

Макалеле го менува Камбуре на клупата на ПСЖ?

Клод Макалеле, поранешниот француски репрезентативец, би можело да го замени Антоан Камбуре на клупата на ПСЖ.

Макалеле сè уште ја нема потребната лиценца за да стане тренер, но француските медиуми шпекулираат дека постои голема веројатност тој да ја преземе екипата од Камбуре, на кого опасно му се тресе позицијата.

Клубот од главниот град на Франција во моментот се наоѓа на втората позиција на табелата, а шпекулациите за наводната смена на актуелниот тренер се подгреаја по неделниот пораз во дербито против Марсеј.

Француските медиуми наведуваат дека отказот на Камбуре воопшто не е под знак прашалник, само времето кога тој ќе ја напушти клупата, а од Макалеле ќе се бара да спаси што може од сезоната.

Макалеле во играчката кариера настапуваше за Нант, Марсеј, Селта, Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ, а копачките ги обеси на крајот на минатата сезона, токму во дресот на парижаните. Во моментот работи како советник во клубот сè додека не стекне тренерска диплома.

Најнови вести