Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Родригес во Јунајтед за 50 милиони евра

Џејмс Родригес, играчот за врска на Реал Мадрид, до крајот на оваа седмица би требало да ги финализира сите услови околу трансферот во Манчестер јунајтед, јавува колумбиското радио РЦН.

Како што се наведува, двата клуба се договориле околу оштетата за дваесет и петгодишниот репрезентативец на Колумбија, во висина од 50 милиони евра, а трансферот ќе биде официјализиран по натпреварот меѓу Реал и Малага во недела.
И Хуан Карлос Рестрепо, таткото на Родригес, изјави дека работата е блиску до реализација.
„Сигурен сум дека дојдоа петте минути на Џејмс. Повеќе сакам мојот син да игра во стартната постава во друг тим, отколку да биде на клупата на Реал“, изјави таткото на Родригес, а самиот играч ги подгреа шпекулациите за заминување од „Олд Трафорд“ со прошталниот гест по натпреварот со Севилја изминатиот викенд.
Родригес ја завршува третата сезона во Реал, во којшто дојде од Монако за 70 милиони евра по одличните игри на Светското првенство во Бразил.
Но, не успеа да се избори за голема минутажа во силната конкуренција кај тренерот Зинедин Зидан, па се одлучи да замине на Островот.

Најнови вести