Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2017

Рамос суспендиран само на еден натпревар

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, е казнет со суспензија на еден натпревар поради црвениот картон што го заработи во Ел Класико.

Реал на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен од Барселона во неделата со 3-2, а Рамос беше исклучен поради бруталниот старт над Лионел Меси во 77-мата минута.
Во образложението на одлуката од страна на дисциплинската комисија на шпанската Примера лига се наведува дека дефанзивниот играч на кралскиот клуб употребил претерана сила и го удрил противникот.
Но, во извештајот од натпреварот не е наведено дека Рамос аплаудираше при излегувањето од теренот, додека тој се правдаше дека таквиот гест бил упатен кон Жерар Пике, со кого продолжи вистинска мала вербална војна.
Челниците на шпанскиот шампионат во оваа ситуација драстично примениле двојни аршини бидејќи Нејмар, напаѓачот на Барселона, кој неодамна беше исклучен во дуелот со Малага, заработи суспензија од три натпревари. Бразилецот тогаш доби два жолти картони, а не директен црвен како Серхио, но поради аплаузот при излегувањето, му беше доделена многу посериозна казна.
Нејмар го пропушти најголемото дерби на светот, додека Рамос ќе отсуствува само од гостувањето на Реал во Ла Коруња вечерва од 21.30 часот.

Најнови вести