Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2011

Кристијано Роналдо го повреди глуждот

Кристијано Роналдо го напушти теренот на „Сантијаго Бернабеу“ по саботниот дуел од 14-тото коло на шпанското фудбалско првенство против Атлетико видно куцајќи.

Португалецот во текот на средбата доби неколку незгодни удари по ногата, а особено се пожали по стартот на Переа во првото полувреме.
Роналдо на крајот ги одигра сите 90 минути и постигна два гола од пенали, доаѓајќи до бројката од 16 голови во Примера лигата оваа сезона.
Тежината на повредата на ѕвездата на Реал засега не е позната, а „Марка“ наведува дека поради претпазливост би можело да го пропушти гостувањето кај Спортинг Хихон следниот викенд за да може подготвен да го дочека дербито против Барселона на десетти декември.
Во секој случај, Жозе Мурињо, тренерот на Реал, на тимот му даде одмор во следните два дена, па играчите на „кралскиот клуб“ на тренинзите ќе се вратат дури во среда, до кога веќе ќе бидат направени тестови на болниот глужд на Роналдо.

Најнови вести