Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Перес бесен на Ла Лига, се заканува со излегување на Реал!

Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, наводно е бесен на челниците на Ла Лига поради одложувањето на натпреварот со Селта.

Кралскиот клуб синоќа требаше да гостува во Виго, но натпреварот е одложен поради невремето кое го оштети стадионот на Селта.
Во Реал не се задоволни што штетата не е санирана навреме и што Ла Лига не дозволи одигрување на натпреварот со затворање на одредени трибини, или натпревар на неутрален терен.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Перес е толку фрустриран што дури се заканил со излегување од Ла Лига и предложил формирање европска Суперлига во која би учествувале најдобрите клубови, а за што се зборува веќе со години.
„Никој од целата организација не може да сфати како мадриѓаните го ставаат одигрувањето на натпреварот пред безбедноста на публиката, вклучувајќи ги и своите навивачи. За безбедноста на играчите не треба да се трошат зборови“, порачаа од Селта.
Реал е лидер на Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона, но има два натпревари помалку од најголемиот ривал.

 

Најнови вести