Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2017

Реал десеткуван во Виго, уште главоболки за Зидан

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, на располагање има само 16 фудбалери во првиот тим.

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва гостуваат кај екипата на Селта во реваншот од четврт-финалето на Кралскиот куп и ќе мора да го надополнат заостанувањето од 1-2 на свој терен.
По повредите на Лука Модриќ и Марсело, од слични причини на средбата во Виго не отпатуваа уште Рафаел Варан и Џејмс Родригес.
Французинот е настинат и поради тоа нема да конкурира за составот, додека Родригес и понатаму е надвор од редовите, исто така, поради повредата која ја влече подолго време, па Зидан дополнително мораше да повика тројца фудбалери од помладите категории.
По поразот од 1-2 на свој терен, ова е практично прво финале за Зинедин Зидан оваа година, но не и оваа сезона, бидејќи есеноска Реал ги освои Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Натпреварот во Виго на програмата е вечерва, во 21.15 часот.

 

Најнови вести