Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2016

Роналдо нема дилема: Најдобар сум на светот

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, изјави дека себеси се гледа како најдобар играч на светот.

Тој изјави дека секогаш е многу мотивиран и дека тоа е причината за неговиот успех на теренот и додаде дека сè уште може да напредува.
Минатата сезона Роналдо со Реал ја освои Лигата на шампионите, а потоа и со Португалија Европското првенство.
„Во мојата глава, јас сум најдобриот на светот. И секој ден работам со амбиција да бидам најсилен. На останатите е да ми судат. Секогаш се обидувам да напредувам. Многу сум мотивиран и верувам дека тоа е клучот за мојот успех на теренот“, изјави Роналдо.
Тој додаде дека полека се враќа во стартната форма по тешката повреда.
„Претрпев сериозна повреда во финалето на Европското првенство. Пропуштив два и пол месеци, но сега се чувствувам добро“, додаде фудбалерот на Реал Мадрид.

Најнови вести