Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2016

Младиот Тоше од Кратово е најновиот милионер на ДВЛМ

Со десеттиот милионер Државна Видеолотарија го заокружува кругот среќни добитници на „Милионер џекпот“ во август.

Десетката ни ја донесе дваесетгодишниот Тоше Б. од Кратово. Придружуван од неговото семејство и пријателите, во просториите на Државна Видеолотарија ни ја раскажа својата среќна приказна. 
Тоше е вработен. Често знае да се забавува играјќи на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Досега немал добивки. Кога на 26-ти август се упатил во обложувалницата на Sport Life во Кратово, забавата била неговиот предизвик. Пријатно се изненадил кога го слушнал сигналот, а веднаш потоа се појавил и добитниот ваучер кој гласи на 1.255.271, 00 денари. Својата прва, а воедно и убава добивка, посакуваниот „Милионер џекпот“, ќе ја потроши на оние нешта кои ги сака. Ни откри дека многу сака мотори, па веројатно ќе си ја исполни својата желба - да има свој. 
Во август, ова е веќе четвртиот среќен добитник на Милионер џекпот“, а вкупно десетти од стартувањето на Џекпот добивките. 
Џекпот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. „Мини џекпот“ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната „Милионер џекпот“ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари. Досега, покрај десетте „Милионер џекпот“ добивки, освоени се и повеќе од 1.200 „Мини џекпот“ добивки.