Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2016

Лукаку: Не се враќам во Челзи

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ја отфрли можноста да се врати во Челзи.

Белгискиот репрезентативец ова лето најверојатно ќе го напушти Евертон, а се шпекулира дека повторно би можело да го купат „сините“ од Лондон.
Лукаку во 2011 година помина од Андерлехт во Челзи на 18 години, но не доби шанса во првиот тим, тој стана еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, играјќи за Вест Бромвич и Евертон.
Пред неколку седмици го исфрли Челзи од ФА купот постигнувајќи ги двата гола за победата на Евертон од 2-0.
„Не, апсолутно не. Таа книга е затворена од двете страни“, изјави Лукаку.
Тој сака да ја продолжи својата кариера со тимот кој ќе игра во Лигата на шампионите, а наводно за него посебен интерес имаат покажано Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.
„Кога бев мал посебно бев импресиониран од Баерн и Јунајтед поради силината во нападот. Ќе видиме што ќе се случи. Убаво е кога ве поврзуваат со такви клубови, тоа е доказ дека ме пратат, а останатото е работа на мојот агент“, изјави Лукаку.
Белгиецот и понатаму е млад фудбалер, има само 22 години, а оваа сезона на 36 натпревари постигна 25 голови.

Најнови вести