Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2012

Нигерија без Микел и Мозес против Венецуела

Џон Оби Микел и Виктор Мозес, двајцата играчи на Челзи, добија дозвола од Нигерискиот фудбалски сојуз да го пропуштат пријателскиот натпревар против Венецуела, кој на распоредот е во среда, во Мајами.

Двајцата играчи првобитно беа именувани на списокот на нигерискиот селектор Стивен Кеши, но се ослободени од должноста по реакцијата на Челзи.
Од Нигерискиот фудбалски сојуз со соопштение изјавија дека на играчите им е дозволено да изостанат за да го решат својот личен проблем, односно да добијат време за закрепнување од полесната повреда.
Роберто ди Матео, менаџерот на Челзи, сепак ќе остане без двајцата играчи во јануари за Африканскиот куп на нациите.

Најнови вести