Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2018

Ангеловски: Сите грешевме, па и судијата

Селекторот на македонската репрезентација вели дека поразот од Ерменија е поради индивидуалните грешки во нашиот табор

Игор Ангеловски не го прослави мини јубилејот со победа, напротив Ерменија не декласира со 4:0 на 25. меч што нашиот селектор го имаше во Ереван, како кормилар на македонската репрезентација. Вели дека имаше доста грешки во нашиот табор, а дури грешеше и судијата Штормбергсон од Шведска.

„Судењето никогаш не го коментирам. Сите грешевме, почнувајќи од мене, играчите и арбитарот од Шведска. Уште пред мечот кажав дека мора да бидеме максимално подготвени за дуел со мотивираниот домаќин, а тоа вечерва не го сторивме. Ќе мора брзо психолошки да се вратиме во ритам. Јас ја правам селекцијата на играчи и прв сум во редот за критика. Нема потреба да обвинуваме било кого, секој може да има лош ден, па дури и судијата", изјави Ангеловски по мечот.

 

 

Најнови вести