Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2018

За Тите не постои пријателски меч против Аргентина

Бразилскиот селектор со воинствена реторика пред дуелот со „гаучосите“.

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, ја загрева атмосферата пред вечерашниот меч против Аргентина и вели дека „кариоките“ ќе играат како да е официјален натпревар. Средбата ќе се игра во Џеда, во Саудиска Арабија.

Селесао по слабиот пласман на Светското првенство во Русија, сега е во процес на реновирање, а многубројните пријателски мечеви треба да бидат искористени за да се наметнат нови лица кои треба да играат следната година на Копа Америка.

Во дресот на Бразил ќе дебитираат дури девет фудбалери: Нето, Фелипе, Едер Милитао, Андреас Переира, Артур, Лукас Пакета, Ричарлисон, Евертон и Пабло.

Тите не сакаше да открие со кои 11-мина ќе го почне дуелот со ривалот Аргентина, но максимално сериозно ќе му пристапат на мечот и веројатно ќе играат сите ѕвезди, како Нејмар, Кутињо, Фирмино, Каземиро и Алисон на голот.

Откако е селектор, Тите има два порази, еден од Белгија на СП и еден од Аргентина на пријателски меч во јуни 2017.

Најнови вести