Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.10.2018

Зошто 15 ѕвезди не играат за репрезентациите?

Многу нефудбалски причини ги оддалечија ѕвездите од настап за националните тимови

Лична одлука, кавга со селекторот или обостран договор, се главните причини поради кои 15-тина светски фудбалски ѕвезди не играат за своите репрезентации. За многумина, играњето за својата земја е врв во кариерата, но таа фраза која често се користи, некои ја избегнуваат од причини кои не се толку спортски.

Кристијано Роналдо нема да игра за Португалија поради обвинувањата дека силувал жени. Меси, Банега, Ди Марија, Игуаин и Агеро, нема да го облечат дресот на Аргентина, како последица од неуспехот на Светското првенство, но одлуката им е привремена, како што и селекторот Скалони е привремен.

Бензема и Рабио се на „црната листа“ во француската репрезентација. Напаѓачот на Реал веќе три години не го викаат и веројатно веќе никогаш нема да заигра, а Рабио е казнет што не сакаше да биде во Б тимот пред СП. Озил повеќе ја сака Турција, и со тоа обвинување веќе не го викаат да игра за Германија. Тој одговори дека чувствува расизам кон него и не сака да игра за Германија.

Пике и Давид Силва решија да стават крај на репрезентативната кариера, па веќе не се кандидати за настап за Шпанија, исто како и Манџукиќ и Субашиќ во Хрватска. Жорди Алба не е прва опција за левата бековска позиција кај Енрике и тоа е изненадување, но и без Алба, на Шпанија засега добро ѝ оди.

Облак има повреда на рамото и побара да не игра за Словенија, додека не закрепне целосно. Во 2019 година, капитенската лента чека на него.

Најнови вести