Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.10.2018

Долгот е отплатен – Ѓоковиќ го растури Чекинато

На „Ролан Гарос“ кога Ѓоковиќ беше во проблеми, Италијанецот славеше, но сега немаше шанса

Новак Ѓоковиќ го порази Марко Чекинато со 6-4, 6-0 во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, и со тоа му се реваншираше за поразот пред неколку месеци на гренд-слемот „Ролан Гарос“.

Србинот имаше проблеми на почетокот, па после петтиот гејм, направи кратка пауза за да ги смени патиките. Од тој момент, заигра многу подобро, при 3-3 направи брејк, доволен за да го земе сетот со 6-4. Ова делуваше стимулирачки за него, а депримирачки за противникот, па во вториот сет немаше никакцва неизвесност, и Италијанецот беше прегазен со 6-0.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Кевин Андерсон, кој со 6-4, 7-6 беше подобар од Стефанос Циципас. Другото познато четвртфинале е Кајл Едмунд – Александер Зверев. И тие се од истата страна на жрепката, па еден од овие четворица (Ѓоковиќ, Андерсон, Зверев или Едмунд) ќе биде финалист.

Најнови вести