10.10.2018 Вардар гази и со џентлментско однесување - Чистење на соблекувална гест број 1 во ЛШ
Вардар гази сигурно во Лигата на шампионите, а гестот на гостувањето кај Веспрем е потег број еден во досегашните четири кола
Вардар игра импресивно во Лигата на шампионите, а ЕХФ му оддаде признание на македонскиот првак за потегот на гостувањето кај Веспрем.
Вардарци го декласираа унгарскиот првак, а потоа во јапонски стил ја исчистија соблекувалната, која личеше на аптека.
Победа со стил, џентлмeнтско однесување исто во висок стил, па вардарци се хит во Европа на сите полиња.
ЕХФ не заборави да ја спомене и акцијата на Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс, кои беа во сообраќајна контрола низ улиците на Скопје, а делеа билети за меч на екс-европскиот првак за совесните возачи.
Вардар на ракометен план е лидер во А групата со четири победи од четири натпревари, а следниот предизвик е да се освои Полска. Кјелце ќе му биде домаќин на нашиот шампион во дербито од А групата во 5. коло во ЛШ.