Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Перез го сменил Лопетеги, па се пишманил

Влијателниот мадридски медиум „Кадена Сер“ објави дека Хулен Лопетеги бил сменет вчеравечер, но потоа Флорентино Перез ја повлекол одлуката

Флорентино Перез донел одлука да го смени Хулен Лопетеги, но потоа ги послушал советите на соработниците и ја повлекол одлуката, јави влијателното радио „Кадена Сер“.

По поразот од Алавес, Перез бил незадоволен од начинот на кој Реал Мадрид игра во последно време, а веќе и донел одлука да го отпушти тренерот, но потоа ја сменил одлуката.

По консултациите со своите соработници го оставил Лопетеги на кормилото на актуелниот европски првак, но со ултиматум да ги победи Леванте на домашен терен и вечниот ривал Барселона на гости во следните две кола.

Најнови вести