Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Џиџи Буфон би бранел уште десет години

На 32 години, си рекол дека ќе се пензионира на 35, а сега нема против да брани до 50

Трансферот на Џанлуиџи Буфон од Јувентус во Пари Сен Жермен, беше со цел ветеранот да го одложи своето пензионирање, а сега има намера да брани уште долго. Иако има 40 години, Буфон не покажува знаци на стареење, уште е во добра форма, па оптимист е дека ќе може кариерата да ја продолжи за уште цели десетина години.

После 17 години во Јувентус, освојувачот на СП од 2006 година со Италија, реши да прифати нов предизвик во кариерата и да се пресели со ПСЖ чиј богат газда не жали пари за да направи тим кој ќе владее во Европа.

„Во последните години, научив дека е погрешно да се поставуваат лимити. На 32 години, мислев дека ќе бранам до 35, а потоа околностите диктираа да продолжам и понатаму. Тогаш си реков, ќе завршам на 38 години, а кога наполнив 38, си реков да продолжам до 40. Можам да се пензионирам после шест месеци, една година или 10 години, веќе не ми е важно кога ќе биде тоа, не сакам да знам“ – изјави Буфон, кој има договор на една сезона, со можност за продолжување до летото 2020.

Најнови вести