Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.10.2018

Ефикасните „јарци“ најавуваат нова голеада

Келн е лидер во популарната германска „Цвајта“ и најефикасен тим во Лигата, па и вечер се очекува голеада на дуелот со фенерџијата Дуисбург.

Со натпреварите денеска завршуваат клупските обврски на играчите во поголемите европски лиги, а полека тие ќе се насочуваат кон настапите во Лигата на нациите.

Понеделник е ден за комплетирање на колото, а има неколку интересни натпревари за типување. Ќе се обидеме со куса анализа на пет меча да ви помогнеме при типувањето.

Келн - Дуисбург (20.30 часот)

Популарните „јарци“ се на патот на експресно враќање во Бундеслигата, играат екстра ефикасно и на последните 15 натпревари во сите конкуренции постигнуваа најмалку по еден гол. Келн е најефикасната екипа во Втората германска лига, со 21 гол на 8 натпревари, или по 2,5 во просек, што гарантира нов ефикасен меч на фаворитот за пласман во Бундеслигата.

Дуисбург е последен само со два бода и без победа на 8 меча, но ќе се обиде да го изненади фаворитот. Популарните „зебри“ имаат одлично педигре во германскиот фудбал, иако се во криза. Секогаш се незгоден противник за Келн, но домаќините се големи фаворити за нова победа.

Предлог тип: 1Х&4+ (2.45)

 

Ботосани - Динамо Букурешт (20.00 часот)

Неочекувано ова е дерби на дното во романското првенство. Гигантот Динамо почна со победа и реми против вечниот ривал Стеауа (Сега ФЦСБ н.з.), потоа играше солидно и во следните три кола за да дојде до голем пад. На последните 4 натпревари, Динамо нема победа во домашниот шампионат. Ги надмина само Ботосани со серија од неверојатни 8 натпревари без победа. И билансот во меѓусебните дуели на последните пет меча вели дека има малку голови, па комбинирано со лошата форма, реално е да се одигра од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 (1.72)

 

Сошо - Мец (20.45 часот)

Дуел за рехабилитација на поранешните стандардни прволигаши, но сега во меч од Втората француска лига. Мец има два порази по ред и ќе се обиде да ја прекине серијата, а Сошо не знае за победа три викенди по ред.

Ова им е прв меѓусебен меч по пауза од две години, бидејќи Мец до лани беше прволигаш, а Сошо еден ранг пониско. Последните два официјални дуели завршија со победа на Мец од по 1-0, претходно Сошо во прволигашки дуели славеше со по 2-1, па некако границата на голови се движи помеѓу 0-2 и 2-4 голови. Мец е фаворит, има квалитет и амбиции за враќање во највисок ранг на натпревари и е фаворит за победа.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.25)

 

Сарагоса - Осасуна (21.00 часот)

Жешко дерби на две екипи кои имаа големо пријателство, но еден момент во 1987 година создаде голем ривалитет и нетрпеливост.

На четврти октомври 1987 година шишето што го погоди во глава Роберто ги „закрви“ двете страни, па одличното пријателство се претвори во огромен ривалитет и нетрпеливост меѓу двата клуба и меѓу Сарагоса и Памплона. Се закануваа и навивачките групи, но потоа некако страстите се потсмирија, иако сè уште има жешки страсти на нивните дуели.

Во последно време и билансот им е израмнет, екипите се во средината на табелата и некако најреално е да нема победник.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Ксанти - АЕЛ Лариса (18.00 часот)

Ксанти нема пораз на домашен терен од денешниот противник цели 8 години. „Шкода арена“ е тежок терен за гостување, Ксанти често ги добива натпреварите со минимална разлика, а најдобро тоа го знаат играчите на АЕЛ. Последен пат од гостувањето кај Ксанти, со бодови, АЕЛ за Лариса си замина на 13-ти февруари 2010 година.

Ксанти е фаворит, но тука треба да се внимава бидејќи домаќините имаат дури три ремија во пет меча во грчкото првенство.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.64)

 

Најнови вести