Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Куртоа ќе потпише 6-годишен договор со Реал Мадрид

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа ќе потпише 6-годишен договор со Реал Мадрид, а актуелниот европски првак ќе плати отштета од 35 милиони евра на сметката на Челзи

Куртоа според информациите на дел од белгиските медиуми сигурно ќе го брани голот на „кралскиот клуб“ во иднина, а се најавува долгорочен 6-годишен договор.
Дека работата е при крај со трансферот на Тибо во Реал Мадрид наговести и најавата на челниците на Челзи дека ќе ја платат отштетата од цели 80 милиони евра за Кепа, моментно голман на Атлетик Билбао. Ако се случат овие трансфери, летово ќе биде запаметено по најскапите купопродажби на голманите. 
Бразилецот Алисон се пресели од Рома во Ливерпул за 65 милиони евра, Кепа е на пат за Лондон од Билбао за сума од 80 милиони евра, а сега како сигурен се најавува и трансферот на Куртоа во Реал Мадрид за 35 милиони евра. За издвојување е и преселбата на легендарниот Џиџи Буфон од Јувентус во Пари сен Жермен.

 

Најнови вести