11.6.2018 Фекир останува во Лион
Фекир беше една од главните цели на Јирген Клоп, тренерот на „црвените“, во летниот преоден рок.
Францускиот фудбалер Набил Фекир ова лето нема да направи трансфер во Ливерпул, туку ќе остане во Лион, соопшти завчера францускиот клуб.
Двата клуба преговараа за трансфер на Фекир на „Енфилд роуд“ за 55 милиони евра и се шпекулираше дека тој е завршена работа, но францускиот клуб завчера соопшти дека преговорите пропаднале.
Клубот наведе дека Ливерпул имал предност во однос на другите.
„Лион е воодушевен што ќе може да смета на својот капитен во сезоната 2018/19“, наведе тој клуб.
Фекир беше една од главните цели на Јирген Клоп, тренерот на „црвените“, во летниот преоден рок.
Дваесет и четиригодишниот Фекир ги помина младите категории на Лион, за првиот тим дебитираше во 2013 година и оттогаш одигра 153 натпревари и постигна 57 голови.
Тој вчера со репрезентацијата на Франција отпатува во Русија на Светското првенство.