Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2018

Модриќ, Ракитиќ и Манџукиќ ја предводат Хрватска

Златко Далиќ, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, го објави конечниот список од 23-цата играчи коишто ќе ја водат Хрватска на Светското првенство во Русија.

Од списокот со патници за Русија отпадна 24-годишниот Матеј Митровиќ, фудбалерот на Бриж.
Поранешниот играч на Риека поради повреда не играше за Бриж од 19-ти април, па тоа пресуди во дилемата на Дачиќ меѓу Митровиќ и Дује Чалета-Цар, стоперот на Салцбург.
„Многу размислував за ова, а од првиот ден реков дека ќе отпадне еден стопер и останав на тоа. Ова е мојот избор и јас останувам на тоа“, изјави Дачиќ пред новинарите во Опатија, пренесува „Хина“.
Хрватска на Светското првенство ќе игра во групата Д со Аргентина, Исланд и Нигерија.
Според правилата на ФИФА, четврти јуни е последниот ден за објавување на конечниот список, а потоа можна е замена на повредени играчи до 24 часа пред почетокот на првиот натпревар.
На списокот се:
Голмани: Даниел Субашиќ (Монако), Ловре Калиниќ (Гент), Доминик Ливаковиќ (Динамо).
Одбрана: Ведран Ќорлука (Локомотива), Домагој Вида (Бешикташ), Иван Стриниќ (Сампдорија), Дејан Ловрен (Ливерпул), Шиме Врсаљко (Атлетико Мадрид), Јосип Пивариќ (Динамо Киев), Тин Једвај (Баер Леверкузен), Дује Чалета-Цар (Салцбург).
Ред за врска: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Барселона), Матео Ковачиќ (Реал Мадрид), Милан Бадељ (Фиорентина), Марцело Брозовиќ (Интер), Филип Брадариќ (Риека).
Напад: Марио Манџукиќ (Јувентус), Иван Перишиќ (Интер), Никола Калиниќ (Милан), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Марко Пјаца (Шалке),  Анте Ребиќ (Ајнтрахт).

Најнови вести