Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2018

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Хосеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, го продолжи договорот со шампионот на Англија до летото 2021 година.

„Многу сум среќен и возбуден. Задоволство е да се работи овде. Уживам секојдневно да работам“, изјави Пеп.
Гвардиола оваа сезона со Сити ги освои Премиер лигата и Лига купот на Англија.
Сити во првенството даде 106 гола и оствари 32 победи, што се рекорди на натпреварувањето , и освои сто бода.
Шпанскиот стручњак досега секој договор го исполни до крајот, а ако се случи тоа и сега, Сити ќе биде клубот којшто најдолго го тренирал.

Најнови вести