Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2018

Серхи Роберто сериозно казнет поради тоа што го удри Марсело

Серхи Роберто, фудбалерот на Барселона, доби црвен картон на Ел Класико поради тоа што го удри Марсело. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучила играчот да го казни со суспензија на четири натпревари.

Иако каталонскиот клуб донесол бројни докази дека реакцијата на Роберто била испровоцирана од страна на Бразилецот, сепак немало шанси да ја избегне ваквата судбина. Дисциплинската комисија се водела според членот 98 од дисциплинскиот правилник, кој гласи: „Напад на противникот, без предизвикување повреда, но со сите други неспортски елементи, се санкционира со суспензија од два до 12 натпревари“, па поради тоа не било реално да добие поблага казна.
Ова значи дека Роберто ќе ги пропушти преостанатите три натпревари во Ла Лига оваа сезона, како и првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија против Севилја на почетокот на наредната сезона.

Најнови вести