Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2018

Косељни отпишан за Мундијалот

Лоран Косељни, одбранбениот фудбалер на Арсенал, ја повреди Ахиловата тетива во реванш-натпреварот од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид и ќе го пропушти Светското фудбалско првенство во Русија.

Капитенот на „топчиите“ се повреди во воведниот дел на натпреварот на стадионот „Ванда Метрополитано“ и на носилки беше изнесен од теренот.
Искусниот дефанзивен играч има хроничен проблем со Ахиловата тетива и по четврти пат во последната година ќе мора да оди на принудна пауза.
Светското првенство ќе се одржи од 14-ти јуни до 15-ти јули на 12 стадиони во 11 градови во Русија.
Селекцијата на Франција е во групата Ц заедно со Австралија (16-ти јуни), Перу (21-ви јуни) и Данска (26-ти јуни).

Најнови вести