Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2018

Малерозниот Окслејд-Чемберлен повторно ќе го пропушти Мундијалот

Алекс Окслејд-Чемберлен, офанзивниот играч за врска на Ливерпул, ја заврши сезоната поради повреда на коленото, а ќе го пропушти и Мундијалот во Русија.

Окслејд-Чемберлен доживеа тешка повреда на лигаментите во вторникот вечерта, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Рома (5-2).
Ливерпул и Фудбалскиот сојуз на Англија немаат соопштено колку точно ќе паузира Чемберлен, но сигурно е дека нема да биде дел од англискиот тим на Мундијалот.
Тој поради повреда го пропушти и минатото Светско првенство во Бразил 2014 година. Чемберлен минатото лето стигна на „Енфилд роуд“ од Арсенал за 35 милиони фунти и стана интегрален дел од тимот на Јирген Клоп.
Германскиот стручњак во наредните седмици ќе има проблеми со играчите за врска бидејќи повредени се уште Емре Џан и Адам Лалана.

Најнови вести