Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Ливерпул и Барселона со големa предност пред реваншите

Ливерпул во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Манчестер сити славеше убедливо со 3-0, додека Барселона со резултат 4-1 ја совлада Рома на „Камп ноу“.

Ливерпул беше силен во првите триесет минути од натпреварот на „Енфилд род“, кога ги постигна сите три гола. Лоша вест за Јирген Клоп е повредата на еден од стрелците, Мохамед Салах, кој излезе од игра во 52-рата минута.
Барселона ја имаше среќата на нејзина страна против тимот на Рома бидејќи играчите на италијанскиот тим два пати ја испратија топката во нивната мрежа.
Луис Суарес конечно го прекина постот во Лигата на шампионите и на Каталонците им донесе значајна предност пред реваншот.
Мохамед Салах ја продолжи неговата неверојатна серија голови оваа сезона, во 12-тата минута му донесе предност на Ливерпул, по додавањето на Фирмино.
За одличниот напаѓач тоа беше 38-ми гол во оваа сезона.
Ливерпул поведе уште во 20-тата минута од средбата, со фантастичниот гол на Алекс Окслејд-Чемберлен. Играчот за врска на „црвените“ упати неодбранлив удар од дваесетина метри и ја зголеми предноста на домаќинот.
Ова беше голем шок за „граѓаните“, кои оваа сезона еднаш веќе беа поразени на „Енфилд роуд“.
Ливерпул не застана тука, уште во 30-тата минута следуваше нов шок за гостите и трет погодок за домаќинот.
Салах идеално центрираше од десната страна, а Мане со глава го постигна третиот гол!
Дуелот на „Енфилд роуд“ имаше бурен вовед. Клупскиот автобус на Манчестер сити беше оштетен кога навивачите на Ливерпул фрлаа шишиња и димни бомби на него, а Ливерпул поради тоа му се извини на неговиот ривал.
„Црвените“ поставија нов клупски рекорд според бројот на голови и го соборија претходниот од 2008 година, кога постигнаа 29.
Барселона во 38-мата минута дојде до предност против Рома. Даниеле де Роси постигна автогол.
Каталонците во 55-тата минута поведоа со 2-0, и тоа со уште еден автогол, откако по ударот на Умтити, топката се одби од ногата на Манолас и заврши во мрежата на Рома. Само четири минути подоцна, Жерар Пике зголеми на 3-0.
Мохамед Салах излезе од игра во 52-рата минута поради повреда. На десет минути пред крајот на натпреварот, Един Џеко ја намали предноста на Барселона на 3-1.
Во 87-мата минута, Луис Суарес го постигна четвртиот гол за Барса, а негов прв во Лигата на шампионите оваа сезона.
Ливерпул и Барселона ќе имаат големи резерви пред реваншите, кои на програмата се за една седмица.

Најнови вести