Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2018

Шпанците потврдија – ВАР од следната сезона во Ла Лига

Официјалните лица на шпанската Ла Лига потврдија дека од следната сезона на натпреварите ќе биде во употреба видеосистемот.

Сликите врз основа на кои ќе бидат донесувани одлуките ќе ги обезбеди „Медиапро“, додека Ла Лига ќе ги покрие трошоците за развој.
ВАР би требало да ги отстрани очигледните грешки околу ситуациите со головите, пеналите, директните црвени картони и идентитетот на играчите.
Оперативниот центар на овој систем ќе биде сместен во мадридската општина Ла Розас.
Со години љубителите на фудбалот чекаа да се воведе овој систем, посебно по контроверзните ситуации во големите натпреварувања како што се Лигата на шампионите и Светското првенство.
Последните сезони сè почесто е во употреба, но често е и критикуван во Италија, Германија и Англија, поради тоа што го нарушува ритамот на играта и предизвикува конфузија на теренот.

Најнови вести