Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Сити на Гвардиола е убедливо најскапиот тим на светот

Истражувањето на фудбалската опсерваторија ЦИЕС покажа дека Манчестер сити под водство на Пеп Гвардиола е најскапиот тим на светот. Во него се вложени 878 милиони евра.

Дури ниту Бразилецот Нејмар, кој минатото лето направи трансфер во ПСЖ, не му помогна на неговиот тим да биде најскап бидејќи во клубот од Париз се вложени 805 милиони.
Од таа сума, дури 222 милиони се платени за трансферот на Нејмар, а дојде и Килијан Мбапе за 180 милиони евра.
Манчестер јунајтед на Мурињо вложил вкупно 747 милиони во неговата тренерска постава и се наоѓа на третото место, а зад „црвените ѓаволи“ е Барселона, која потрошила 725 милиони евра.
Од ЦИЕС оценуваат дека според економската логика, освојувачот на Лигата на шампионите треба да се бара меѓу најскапите екипи, но дека големо влијание има и расположението во соблекувалната. Минатогодишни финалисти беа шестопласираниот Реал Мадрид (497 милиони) и осмопласираниот Јувентус (448 милиони).
Меѓу десетте најскапи се и Челзи (592, петто место), Ливерпул (461 седми), Арсенал (403, деветти), Евертон (365, десетти).

Најнови вести