Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2017

Вест хем го шокираше Тотенхем, Челзи едвај до победа

Фудбалерите на Челзи и на Вест хем се пласираа во четврт-финалето на Лига купот на Англија.

„Чеканите“ одиграа одличен натпревар и го победија Тотенхем, и тоа по пресвртот – 3-2 (0-2).
„Петлите“ на стартот поведоа со голот на Сисоко во шестата минута од натпреварот, а во 37-мата Деле Али ја удвои предноста на 2-0.
Второто полувреме ѝ припадна на екипата на Славен Билиќ, која со головите на Ају, и тоа за пет минути, дојде до изедначување.
Само десет минути им беа потребни на играчите на Вест хем да ги шокираат навивачите на Тотенхем. Во 70-тата минута од средбата, Огбона ѝ донесе предност на неговата екипа и го постави конечниот резултат 3-1.
Челзи со победата од 2-1 над Евертон обезбеди пласман во наредната рунда од натпреварувањето.
Лондонскиот тим го совлада тимот од Ливерпул со голот на Антонио Рудигер во 26-тата минута. Во судиското продолжение на времето, Вилијан ја удвои предноста на „сините“, а во наредниот напад Клаверт-Левин ја намали предноста на 2-1 и го постави конечниот резултат.

Најнови вести