Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2017

Џо Харт на заем во Вест хем

Англискиот голман Џо Харт наредната сезона ќе ја помине на заем во Вест хем, соопшти тој фудбалски клуб.

Џо Харт, голманот на Манчестер сити, минатата сезона беше на заем во италијанскиот Торино.
„Минатата сезона беше забавна и уживав во Серија А и во Торино, но подготвен сум да се вратам и се радувам што повторно ќе бидам дел од оваа фантастична лига“, изјави Харт за официјалната интернет-страница на Вест хем.
Сити се согласи да финансира дел од платата на Харт, која изнесува 100.000 фунти седмично, пишуваат британските медиуми. Вест хем има можност на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор.
Џо Харт (30) во Манчестер сити е од 2006 година. За клубот одигра вкупно 348 натпревари и ја освои Премиер лигата во 2012 и во 2014 година.

Најнови вести