Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2016

Голден стејт супериорен над Кливленд за 2-0

Кошаркарите на Голден стејт вориорс поведоа со 2-0 во финалната серија на НБА лигата, откако повторно го декласираа Кливленд. Кошаркарите на Вориорс одиграа фантастичен натпревар во „Оракл арената“ и го совладаа Кливленд кавалирс со резултат од 110:77.

Актуелниот шампион комплетно го порази противникот во првите две средби, а со тоа ја оствари најголема просечна и вкупна разлика во историјата на финалето на најсилната лига во светот, кога се сметаат првите два натпревари.
Вориорс одиграа фантастична напаѓачка тактика и одлично ги распоредија поените. Од играчите кои играа единствено Брендон Раш не се запиша во листата на стрелците, Грин постигна 28 поени (11-20 од игра, 5-8 за три)беше најефикасен, а имаше уште 7 скокови и 5 асистенции. Стефен Кари не форсираше многу, но на теренот помина нешто повеќе од 24 минути и за тоа време додаде 18 поени (7-11 од игра, 4-8 тројки), со 9 скокови, фаул и лична грешка.

Најнови вести