Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.1.2016

Слаба игра и убедлив пораз од Хрватска

Македонската ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз од Хрватска, 34-24, на првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во ракомет во Полска.

Македонските ракометари лошо го почнаа натпреварот и им дозволија на Хрватите високо водство од 7-1 во десеттата минута. Одбраната не функционираше, но и во нападот не беше ништо подобро. Капитенот Кире Лазаров не постигна ниту еден гол во првото полувреме, а и Борко Ристовски имаше лоша вечер и беше заменет од Дупјачанец на голот.
Единствен кој некако им парираше на Хрватите беше Манасков кој постигна шест гола, скоро половина за Македонија за резултат 13-17 на полувреме.
По паузата Хрватска одговори со три брзи гола на голот на Кузмановски за водство од 19-14, а слабата игра во одбраната и во нападот продолжи. Лазаров и во вториот дел не успеа да го совлада Алиловиќ, по што селекторот Обрван го извади од игра, заедно со Манасков, Миркуловски и Стоилов.
До крајот Хрватска продолжи со убедлива игра за висока победа од 34-24.
Дејан Манасков со 7 и Филип Кузмановски со 4 гола одиграа солидно, но Македонија не беше ни блиску до игрите на првите три натпревари.
Следниот натпревар го играме со Норвешка во недела.

Најнови вести