Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2015

Бриж и Наполи без публика поради страв од терористички напад

Натпреварот помеѓу Клуб Бриж и Наполи во Лигата на Европа во Белгија ќе се игра пред празни трибини, одлучено е од локалната полиција и градоначалникот на Бриж.

Во Белгија последниве денови се спроведуваат зајакнати мерки на безбедност, а проценето е дека натпреварот од петтото коло во Лигата на Европа во Бриж се смета за високо ризичен, па поради тоа ќе биде затворен за гледачите.
Само да потсетиме дека сè започна од терористичките напади во Париз кога беа убиени повеќе од 129 лица, а еден од нападите се случи пред стадионот во текот на дуелот меѓу репрезентациите на Франција и Германија. Веднаш по тоа беше откажан натпреварот меѓу Белгија и Шпанија во Брисел, како и натпреварот во Хановер, каде беше откриен експлозив пред дуелот меѓу Германија и Холандија.
Средбата меѓу Клуб Бриж и Наполи е на програмата за утре во 21:05 часот.

Најнови вести