Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2015

Томпсон избори 82 милиони долари од Кливленд кавалирс

Тристан Томпсон конечно најде заеднички јазик со Кливленд кавалирс во врска со неговиот нов договор.

Четвртиот пик од драфтот доби петгодишен договор вреден 82 милиони долари и стана еден од најплатените крилни играчи на Лигата.
Преговорите од двете страни траеја со месеци, Томпсон ја одби понудата наредната сезона да игра за седум милиони, а Кавалирс не сакаа да го преплатат играчот кој главно би можел да има улога на резерва.
На крајот Томпсон сепак го доби тоа што го сакаше, на помалку од седум дена пред почетокот на НБА-сезоната, па нема да мора да пропушти ниту еден натпревар.
Со тоа Кливленд минатото лето потроши околу 300 милиони долари на нови договори со: Леброн Џејмс, Кевин Лав, Иман Шамперт, Џеј Ар Смит и Томпсон.
Кавалирс минатата сезона беа поразени во финалето на НБА-лигата, а беа ослабени поради повредите на Кајри Ирвинг и Лав.
Токму Томпсон со просек од околу десет поени и 11 скокови беше главен адут во рекетот по неговата повреда.

Најнови вести